(ВИДЕО) ТЕШКО СЕ ДВИЖИ, НО СЕПАК ПЛЕНИ СО ОТМЕНОСТ И ХАРИЗМА: Софија Лорен и денес, на 88 години, изгледа неверојатно

Познатата Софија Лорен важи за една од најубавите жени на сите времиња. Родена е на 20 септември 1934 година во Рим и пораснала во сиромаштија. Почнала да глуми на 15-годишна возраст, а играла бројни улоги во филмовите како „Гласот“, „Кво Вадис“, „Сонот на Зоро“, „Аида“, „Африка под морето“, „Олимпија“, „Арабеска“ , „Грофицата од Хонг Конг“, „Кратка средба“, „Грев“, „Девет“ и други.
Последниот филм го сними во 2014 година, а потоа се пензионираше и повеќе не ја гледаме толку често во јавноста. И’ покрај тоа, таа од време на време се појавува на некој важен настан, а неодамна била снимена како излегува од хотел.

Софија, како и секогаш, била елегантна, насмеана и добро облечена, иако се забележува дека тешко да се движи, па многумина воодушевено го коментирале видеото на познатата дива што кружи по мрежите. И’ покрај фактот дека веќе навлезе во деветтата деценија од животот, таа не си дозволила да го загуби духот ниту да се запушти и продолжува да импресионира со својата харизма.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …