Џулија Робертс за воспитувањето на децата: Еве кога го добиле првиот мобилен телефон

Џулија Робертс има ќерка и два сина
Актерката Џулија Робертс има три деца кои ретко се појавуваат во јавност, а приватниот живот се обидува да го сокрие и зачува во своите четири ѕида. Меѓутоа, во една емисија таа открила некои од нејзините лекции и упатства кога станува збор за родителството.
На прашањето како да му објасните на детето дека ја преминало границата и дека неговото однесување може да доведе до одредени последици, Џулија Робертс објаснува:
– Мора да го користите вашиот многу строг родителски глас, но чувствата понекогаш мора да се втишат за да имате навистина свесен разговор за тоа.

This image has an empty alt attribute; its file name is julija-roberts.jpg
Актерката се обидува да користи мирна комуникација за да им укаже на недостатоците на децата и да ги дисциплинира, а начинот на кој се поврзува со децата, секојдневно разговара со нив и го одржува семејството заедно, ќе воодушеви многу мајки.
„Поради напорниот модерен живот, ретко се собираме како семејство на ручек“, но актерката објаснува дека овие ритуали се важни во нејзината куќа и дека ги практикува секојдневно:
-Кога сите заедно седиме на маса, тоа е дел од врската што ја очекуваме еден од друг и навистина е значаен период кога имавме неверојатни разговори. Појадувам и вечерам секој ден со моите деца и мислам дека е рутина да го започнеме денот заедно и на крајот од денот да го поминеме она што се случило и да го затвориме заедно.


This image has an empty alt attribute; its file name is julija-roberts-so-soprugot.jpg
Актерката била прашана и кога е вистинското време детето да добие мобилен телефон, а многу мајки и татковци можеби не се согласуваат со неа бидејќи повеќето деца во Македонија добиваат телефон порано од оваа возраст.
– Ќерка ми го доби првиот телефон за својот 12-ти роденден. Мојот сопруг и јас бевме против тоа, но нејзините причини зошто сакаше мобилен телефон беа толку искрени и јасни. Тоа беше целосна ранлива искреност за нејзините потреби и јас бев целосно заљубена во неа во тој момент.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …