Најчести симптоми на мозочен удар: Многу од нив игнорираме а можат да бидат фатални

Мозочниот удар е болест предизвикана од прекин на циркулацијата во одреден регион на мозокот. Причината може да биде оклузија (затнување) или руптура на крвен сад. Недостатокот на кислород и хранливи материи предизвикува оштетување и смрт на нервните клетки, што резултира со оштетување на мозокот и губење на функциите контролирани од тој дел од мозокот.
Може да биде резултат на блокада на артеријата која го снабдува мозокот со крв, а се нарекува исхемичен мозочен удар или мозочен инфаркт, кој е најчест. Но, може да се појави и поради руптура на крвен сад во мозокот кога има излив на крв во мозокот, односно хеморагичен мозочен удар.
Лекарите предупредуваат дека навремената реакција на симптомите е клучна за преживување. Исто така, кога станува збор за симптомите на мозочен удар, тие многу често се појавуваат ненадејно.

This image has an empty alt attribute; its file name is mozocen-udar-1.jpg
Тие го вклучуваат следново:
– вкочанетост, слабост или одземеност на раката, ногата или лицето, особено ако е зафатена едната страна од телото,
– нарушувања на говорот како што се тешкотии во разбирањето, изговорот или губење на говорот,
– проблеми со видот,
– нарушувања на одењето како што се губење на рамнотежа или вртоглавица,
– ненадејна силна главоболка, често придружена со гадење и повраќање.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …