(ФОТО) Елегантно или вулгарно: Глумицата не можела нормално да оди од премногу отвори на фустанот!

Креацијата имала шлиц до колковите, изрез на струкот и длабоко деколте, при што го направиле фустанот да изгледа “eвтино”…


45.годишната актерка Кејт Бекинсејл, една од најубавите жени на светот според списанието “FHM”, била во центарот на вниманието на доделувањето на наградите “Men of the Year Awards” во Лондон.
Таа за пригодата носела необична креација – комбинација од кимоно и костим за капење, а овој храбар избор на фустан и создавал проблеми во одењето.


Додека одела на црвениот тепих, Кејт морала да внимава да не открие премногу, а многумина велат дека ваквата комбинација и претерано разголениот избор на облека не е примерен за црвениот тепих.
Критичарите пронашле мноштво недостатоци на фустанот кој го потпишува дизајнерката Џулиен Мекдоналд. Креацијата имала шлиц до колковите, изрез на струкот и длабоко деколте, при што го направиле фустанот да изгледа “eвтино”.


Неколку дена претходно, Бекинсејл присуствувала на доделувањето на наградите “Deauville Talent Award” во склоп на истоимениот фестивал во Франција, каде исто така сите погледи биле вперени кон нејзиното бујно деколте.

Таа на себе носела полупроѕирен црвен фустан со светкави перли и кристали, чиј дизајнер е познатиот Зухаир Мурад, а изгледот го надополнила со салонки на Кристијан Луботин, пишува “Harper’s Bazaar”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …