Традицијата продолжува: По повод 8. септември ЦК „Ацо Ѓорчев“ организира „Неготинска поетска вечер“

И’ оваа година Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ќе ја организира традиционалната манифестација „Неготинска поетска вечер“ 2018 во прекрасниот амбиент на Манастирот „Св.Ѓорѓи“ Неготино.
На овој настан кој веќе неколку години наназад го организираат во пресрет на големиот државен празник „8ми Септември“ учество ќе земат повеќе поети од Неготино и од повеќе градови на Република Македонија.
Од Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ ги покануваат сите љубители на поезијата вечерва, 7 септември петок, од 19:00 часот во дворот на Манастирот „Св.Ѓорѓи“ да присуствуваат на овој настан.
Директорката на ЦК „Ацо Ѓорчев“, Роска Илиева, со нејзиниот тим, успеа за кусо време да ја организира манифестацијата со цел традицијата да продолжи, што е за секоја почит.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …