(ФОТО) Двегодишно девојче не е запишано во градинка бидејќи нејзиното лице го сметаат за „премногу страшно“

Родителите на двегодишната Софија Закхарова се во шок откако нивното девојче не е запишано во градинка поради својот изглед.
„Ни рекоа дека прво детето мораме да го однесем на операција за да може да оди во градинка како и сите останати деца“, тврди нејзината мајка Светлана Закхарова.
Нејзината ќерка има деформација на черепот, поради што челото и е пошироко а прстите на рацете и на нозете и се споени. Сепак, видеото кое е објавено, а потоа било повлечено, покажува дека девојчето е среќно и заиграно и покрај тоа што изгледа поинаку од останатите деца.



Софија живее во руското село Алатан со мајка и, татко и Расул и бабите и дедовците. Нивниот дом нема греење, вода ниту шпорет. Родителите не примаат финансиска помош поради оштетувањето кое го има нивната ќерка.
Локалната хуманитарна организација „Rainbow of Goodness“, одлучила да провери поради што двегодишното девојче не е запишано во градинка. Сега е покрената истрага за да се дознае кој ја донел таа одлука, но и затоа што лекарите на девојчето не му ја направиле неопходната операција.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …