(ВИДЕО) Премиера на „Ирец“ во Њујорк: Де Ниро, со помош на технологијата се подмладил, и игра улога на 34. годишник

Филмот го чинел Нетфликс 160. милиони долари, а Џо Пеши се вратил од пензија. На стриминг сервисот ќе биде достапен од 27. ноември…
Трејлерот за филмот „Ирец“ (The Irishman),долго очекуваниот филм на Мартин Скорцесе (76) летоска ги развеселил сите филмофили, а премиерно, во петокот, бил прикажан на Њујоршкиот филмски фестивал.


Во гангстерскиот филм преполн со ѕвезди помеѓу другите ќе се појават и Роберт Де Ниро (76), Ал Пачино (79), Џо Пеши (76), Харви Кајтел (80), Боби Канавале (49) и Ен Пакуин (37., а од 27. ноември филмот ќе може да се гледа на Нетфликс.


Во филмот е користена и технологијата за да глумците „се подмладат“ па така де Ниро го глуми Ширен од неговата 34. година, односно од 1955. па до смртта во 2003., во 83. година. Филмот трае 3.часа и 29. минути, сниман е на 117., различни локации а буџетот изнесувал 160. милиони долари. Скорцесе и де Ниро, чија соработка започнала со филмот „Улици на злото“ од 1973. година, кој ги прославил и двајцата, почнале да ја планираат филмската адаптација на книгата на ЧАрлс Брандт – „I Heard You Paint Houses“, пред 12. години.
„Работите се искомплицираа. Не можевме да добиеме подршка, немаше начини, годините. Неколку продуцентски куќи го одбија проектот пред да го прифати Нетфликс“, им рекол Скорцесе на новинарите во петокот после премиерата на филмот.


„Ирец“ е прекар на Френк Ширен, чиј живот е опишан во книгата, според која е работено сценариото. Ширен кој наводно убил 25. луѓе по наредба на шефот на мафијата Расел Буфалин (Џо Пеши), го толкува Де Ниро, додека возачот на камион и синдикалниот водач Џими Хофа го глуми Ал Пачино.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …