Ева Лонгорија на париската модна недела го земала и својот 15. месечен син Сантиаго Енрике Бастон кој апсолутно ги воодушевил сите присутни, но и интернет…
Париската модна недела привлекува многу славни имиња како Хелен Мирен и Гери Хорнер. L’Oréal на пистата ја извел 44. годишната Ева Лонгорија, но „убавата домаќинка“ не била сама, туку во прегратката го држела својот син Сантиаго Енрике Бастон кој во почетокот уживал во настанот, а потоа на крај си заспал.
Ева Лонгорија носела црн кожен шос и долчевита. Изгледот го дополнила со чизмите кои и допирале до колениците а имале висока штикла.
На Ева Лонгорија друштво на патувањето во Европа и правел нејзиниот сопруг Хозе Бастон.
„Моето прво патување во Европа со Сантиаго откако прооде. Веќе бевме во Европа, но тогаш уште не одеше. Купив еден тон играчки за тие десет часови колку што трае летот“, напишала Ева Лонгорија на својот профило на Инстаграм.
Ева Лонгорија, за Ројтерс, додала дека било уживање да се работи со брендот кој ги разбира жените.