(ФОТО) Дошол кај фризерка да научи да и ја витка косата на сопругата бидејќи таа повеќе не можела сама

ЕДЕН Канаѓанец ги стопи срцата на многумина откако се појавил во фризерски салон за да научи да ја витка косата на својата сопруга, која повеќе тоа не може да го прави сама.
„Овој прекрасен господин дојде денес да научи да ја витка косата на својата сопруга. Неговата сопруга не е во можност да ја витка сопствената коса и често се гори, па решил да скокне и да научи како тој да и ја витка косата. Го научивме како да витка кратка коса, како да ја заштитиме нејзината кожа од изгореници, а ние исто така го научивме како да и стави и маскара“, објавиле на профилот на салонот на Фејсбук заедно со фотографиите на грижливиот сопруг.


Објавата собрала над 140.000 лајкови за една недела и била споделена над 380.000 пати. „Ова е вистинска љубов“, „Каков пример, може да се види дека тој навистина ја сака својата сопруга“, „Таа освоила премија на лото кога го нашла“, се само дел од коментарите.

Фото: Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …