(ФОТО) ДОКТОРИТЕ 4. МЕСЕЦИ ЈА ЛЕКУВАЛЕ ОД ТУБЕРКУЛОЗА, А ПОТОА И НАПРАВИЛЕ СНИМКА НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ: Не можеле да веруваат што пронашле!

Нејзиниот случај е можеби единствен од ваков вид во медицинската литература
Жена од Индија (27) завршила во болница поради кашлица, треска и густа слуз што траело шест месеци.
Пред хоспитализација, лекарите и препишале антибиотици и третман за туберкулоза – 4 месеци. Сепак, терапијата не ги намалила симптомите, било напишано во извештајот на лекарот за случајот објавен во Националната медицинска книга.
Меѓутоа, кога направиле скенирање, откриле лезија во десниот горен лобус на белите дробови. По понатамошна анализа, тие забележале превртена структура слична на ќесичка лоцирана на бронхот на пациентот, пишува IFLScience.
Лекарите ја отстраниле мистериозната „кесичка“. Иако поголемиот дел беше уништен, секако можело да се препознае дека станува збор за кондом.


„И таа и нејзиниот сопруг признаа дека имале орален секс. Тие можеле да се сетат на олабавувањето на кондомот за време на чинот, за кое време жената доживеала напад на кивање или кашлање”, објаснуваат лекарите кои откриле дека самото откривање на проблемот е одложено поради повеќе фактори.
Тие веруваат дека кондомот сам веројатно немал да предизвика повреда на белите дробови „поради неговата мека, еластична и гумена конзистентност“, но блокадата можела да доведе до акумулација на секрети, како и инфекции.
Сепак, начинот на кој кондомот се сместил во нејзините бели дробови за време на дишењето и кашлањето веројатно расчистило некои секрети, што довело до одложување на симптомите.

Непријатност и чувство на срам
Лекарите тврдат дека парот можеби се двоумел дали да открие што се случило или навистина не го поврзало вдишувањето на кондомот со последователниот развој на кашлица.
Лекарите веруваат дека таа ќе се опорави, иако мали делови од кондомот останале во нејзините бели дробови, по пукањето, па затоа е многу веројатно дека можеби ќе и треба понатамошна бронхоскопија.


Фото: Илустрација/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …