(ФОТО) Џенифер Анистон изгледа фантастично во бикини кое го носи со години

48. годишната глумица има тело какво се посакува…
Џенифер Анистон и нејзиниот сопруг Џастин Тиеро празниците ги минуваат во Мексико.
Но, холивудската миленичка никаде не може да им избега на папараците кои добро знаат дека градот Кобо Сан Лукас веќе со години е нејзина омилена дестинација за одмор, па поради тоа овој пат успеале „да ја уловат“ во бикини. А, 48. годишната глумица има со што да се пофали.
Џенифер во минијатурното црно бикини изгледа фантастично, а на ваква линија можат да и завидуваат и’ многу помлади колешки.
Освен што и понатаму е многу згодна глумицата покажал и’ дека е скромна, бидејќи овој едноставен бикини го носи со години. Во него, и тоа на истото место, ги минала празниците и во 2013. година.
А, го носела и една година порано, исто така во омилениот мексикански град.
Џенифер и Џастин во Мексико ќе ја дочекаат и новата година, а иако последните недели се шушкаше за нивен развод се чини дека се’ било само гласини.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …