(ФОТО) Џејн Фонда со фластер среде емисија:„Еј, светот се распаѓа, што е една усна“

Холивудската актерка Џејн Фонда неодамна била оперирана од рак на устата. Лекарите и отстраниле малиген израсток што се појавил на долната усна.
На промоцијата на нејзината серија „Грејс и Френки“ таа носела фластер на усната.
„Сакам да објаснам за фластерот. Штотуку ми отстранија рак од усната. Мислев дека ќе заздрави пред да дојдам тука, но во ред е. Обично не шетам ваква“, рекла Фонда и додала: „Еј, светот се распаѓа, што е една усна“.
Ова не е прва операција на Фонда за отстранување рак. На 80.годишната актерка во 2010. година и бил отстранет рак на дојката.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …