(ФОТО) Џејми Ли Кертис болна и бесна: Остро по Ковид 19

Актерката Џејми Ли Кертис е во карантин бидејќи е позитивна на Ковид-19.
Актерката е нерасположена поради болеста, а тоа решила тоа да го сподели со сите свои следбеници на Инстаграм, за барем малку да и биде полесно.
„За жал, оваа главна навивачка нема да биде на сите прослави за време на викендот да ги бодри своите пријатели и колеги. Живот според животни услови. Мило ми е што ги имам сите овие домашни тестови па не отидов на ручек на @americanfilminstitute и да ги раширам своите бактерии. Со нетрпение очекував да одам на @bafta чајот и на наградите @criticschoice како номинирана и член на шарената екипа! Многу сум горда на овие луѓе и со нетрпение очекувам да ги бодрам преку мојот телевизор. Останете безбедни таму луѓе“, напишала глумицата покрај објавата.
Џејми објавила фотографија со три домашни тестови со позитивни резултати на Ковид 19.

Инаку, глумицата неодамна беше на доделувањето на Златните глобуси и можно е таму да се заразила.



Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Ги изненадил патниците – Крис Мартин, пред да се качи во авион, клекнал и ја бакнал пистата: Ова го прави од 2005 година

Фронтменот на Coldplay, Крис Мартин, ги изненадил патниците откако клекнал и го бакнал асфалтот на …