(ФОТО) ВО ТОП ФОРМА – Пенелопе Круз објавила серија провокативни фотографии и воодушевила со својот изглед на 48 години

Една од најубавите актерки на денешницата, Пенелопе Круз, објави низа провокативни фотографии и предизвика неверување со својот младешки изглед.


Пенелопе позираше за магазинот Dust, а дел од разголените фотографии сподели на својот Инстаграм профил.

View this post on Instagram

A post shared by Penélope Cruz (@penelopecruzoficial)


„Дали си вистински?“, „Дали Пенелопе старее?“, „Како можеш да изгледаш како да си во дваесеттите?“, „Безвременска убавина“, „Божица“, „Природно убава жена“, се само дел од многу комплименти кои ги доби под објавата.
48-годишната актерка го освои светот со својата убавина пред повеќе од три децении, кога како 17-годишна играше улога во филмот „Jamon, Jamon“.


Пенелопе никогаш не криела дека за својата одлична фигура избегнува млечни производи и шеќер, како и глутен.
„Јадам многу овошје, зеленчук и висококвалитетни протеини. Пијам хектолитри вода, што порано не го правев. Алкохолот е реткост за мене, а престанав да пушам пред неколку години. Тоа воопшто не ми недостига во мојот живот“, изјавила таа претходно за магазинот People.


Во 2010 година актерката се омажи за својот колега Хавиер Бардем и денес заедно имаат две деца, ќерката Луна и синот Лео.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Национално триатлон првенство – Дојран 2024

Викендов во Дојран, во организација на Триатлон федерација на Македонија и Општина Дојран, ќе се …