(ВИДЕО) Мис Универзум: Светот запрепастено гледа во костимот на Украинката


Вечерва во Њу Орлеанс ќе се одржи 71. Избор за Мис Универзум. Во текот на изминатата недела, како дел од натпреварот, најубавите жени на светот прошетаа во вечерни фустани, костими за капење, но ги покажаа и своите народни носии.
Од 84 девојки од целиот свет, само 15 од нив ќе се борат во финалето.

Она што особено привлече внимание се народните носии, а најмногу внимание привлече украинската мисица Викторија Апасенко. Таа прошетала во костим инспириран од Архангел Михаил, воинот кој го победува злото. Таа носела бел фустан со крилја во боите на Украина, а костимот ја симболизира украинската борба за слобода.


Внимание привлекле повеќе национални носии, руската претставничка Ана Линикова носела кадифен фустан, а креацијата е инспирирана од Руската империја.


Мис Велика Британија, Ноки Симбани и оддала почит на починатата кралица Елизабета Втора.

Погледнете подолу за повеќе костими кои се истакнаа.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Нарушени иднини“ – Самостојна изложба и перформанс „Распаѓање“ на уметницата Маја Зеќо

Сега со седиште во Абердин, Шкотска, делото на Зеќо користи стратегии од перформанс и звучна …