(ФОТО) ДЕМИ МУР УЖИВА ВО ЉУБОВТА СО НОВИОТ ДЕЧКО: Тој е 13. години помлад од неа и на многумина им е познат !

Холивудската актерка Деми Мур последните неколку месеци се гледа со еден од најпознатите готвачи во светот, Швајцарецот Даниел Хјум.
Деми (59) ја потврди веста за новата љубов со 46-годишниот Даниел на Инстаграм, каде ги објави нивните заеднички фотографии направени на овогодинешниот Отворено првенство на Франција и на улиците во Париз.
„Ти си многу слатка“, „Ти си многу убава двојка“, „Ми се допаѓате заедно“, „Убава“, „Ти си брилијантна“, „Честитки за твоето ново момче, згоден е“, ѝ пишувале обожавателите во коментарите.

View this post on Instagram

A post shared by Demi Moore (@demimoore)


Деми зад себе има три пропаднати брака. Нејзиниот прв сопруг беше музичарот Фреди Мур, со кој беше во брак од 1980. до 1985. година, а по разводот го задржа презимето. Потоа во 1987. година се омажила за Брус Вилис со кој добила три ќерки, а се развеле во 2000. година. Пет години подоцна пред олтарот ја однел 15-години помладиот Ештон Качер, а нејзиниот брак траел до 2013. година и после тоа немала сериозни врски.


View this post on Instagram

A post shared by Demi Moore (@demimoore)


Се пишуваше дека Деми Мур била во врска со белграѓанката Маша Манџук. Не е познато кога и како се запознале Деми и Маша, а првпат се видени заедно во 2014. година кога и двете ја посетиле уметничката изложба на фотографот Брајан Бовен Смит во Лос Анџелес.
Четири години подоцна тие се снимени во Лос Анџелес како се забавуваат со ќерката на Маша, по што се разгореа озборувањата за нивната врска, а се пишуваше и дека заедно го одгледуваат девојчето.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …