(ФОТО) Да одвоиме 15 минути и да гласаме за Лара, Јован и Ирина и „Животот е пред мене“!

Започна онлајн гласањето за детската евровизија каде Македонија ја претставуваат Лара, Јован и Ирина со темата „Животот е пред мене“…

ГЛАСАЈТЕ за 10 🇲🇰
📲 Гласањето започна, а завршува на 11. декември во 15:59 часот, на веб страната www.jesc.tv ✅🗳
🎶 Треба да изберете 3 омилени песни, но исто така можете да гласате и за сопствената држава. 🇲🇰
🗳️ Последното гласање ќе биде повторно отворено на 11. декември, во времетраење од 15. минути по завршувањето на изведбата на последната композиција, на истата веб страница.
🏆 Резултатите се добиваат како комбинација од онлајн гласовите на интернационалната публика (50% од вкупните бодови) и поените од професионалните жирија (50% од вкупните бодови)!
VOTE 10 🇲🇰


Принципот за гласање е едноставен – одите на линкот www.jesc.tv, треба да го изгледате целото видео од 4 минути и потоа ќе се отвори квадратчето за гласање. Избирате три композиции и пополнувате едноставна математичка задача на пример 1+1 – и го потврдувате своето гласање.
Повторно можете да гласате за време на манифестацијата која започнува во недела од 16. часот.
Да го дадеме нашиот глас и да им помогнеме во пласманот на нашите претставници Лара, Јован и Ирина и темата „Животот е пред мене“.


Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …