(ФОТО) ЧУДОВИШТЕ: Во Дојран уловен сом од 50 килограми!

 Сите знаеме за оние рибарски приказни во кои се зголемуваат уловите…леле волкава риба уловив, но од вчера сето тоа паѓа во вода бидејќи во Дојран вчера беше уловен сом од 50 килограми.
На Фејсбук групата Корморани се објавени фотографии од овој подвиг на младите рибари од Струмица.
„Денеска имавме среќа да ни удри трофејна риба во преубавото Дојранско езеро…и тоа во судиско продолжение…нозе тресеше Александар Христоманов некои 15 – 20 минути…па со одлучно прифаќање со двете раце во уста си влезе во чамецот…вагата застана на 50 килограми…поздрав и Бистро на сите“, напишаа Никола Полизовски и Александар Христоманов на Фејсбук групата Корморани.

Фото: Фејсбук

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …