(ФОТО) Човекот кој на лотарија освоил 19 милиони долари зажалил што ги добил парите

ПАРИТЕ не купуваат среќа, но можат да го олеснат животот и многумина ќе речат дека е доволно. Но, еден човек зажалил што добил пари на лотарија.
Марк Липшам е 53-годишен камионџија од Окленд, Нов Зеланд, кој имал среќа еден ден во 2017. година кога на екранот се појавиле броевите на неговиот тикет.
Неколку недели пред да победи, Марк почнал да сонува за бројките и решил да игра на нив. Откако освоил 19. милиони новозеландски долари, тој ја напуштил работата следниот ден, несвесен за проблемот со кој требало да се соочи.

Сите сакаа дел од богатството
„Тоа го открив на потешкиот начин и доведе до проблеми со самиот себе бидејќи не функционирав како порано“, изјавил тој. Марк се присетил како станал „депресивен, под стрес и фрустриран“ затоа што луѓето околу него очекувале да им даде пари.


Тој продолжил да живее скромно
Иако освоил огромна сума пари, тој продолжил да живее во својот скромен дом и решил да се воздржува од големи спонтани купувања поради грижата како да се справи со толку голема сума пари.
Марк во меѓувреме станал татко, а две години откако ги добил парите, неговиот сосед го запознал со наводен стручњак кој го научил како да се грижи за неговото здравје, врски, правни работи и финансии, а тој скапо го наплатувал.


Средба со измамник
Марк тогаш се чувствувал доволно самоуверен за да одлучи да го купи имотот и му дал на „експертот“ 3 милиони долари за да го купи имотот во негово име.
Марк отишол на патување со своите ќерки, а откако се вратил, експертот тврдел дека имало застој при купувањето и одбил да разговара со него. Потоа ги прекинал сите врски со стручњакот и сфатил дека неговата банкарска сметка е намалена за 3 милиони долари.

„Добивката воопшто не ми помогна“
Марк се впуштил во правна битка за да ги врати парите украдени од измамата и на крајот се’ решил надвор од судот.
„На крајот, добивката воопшто не ми помогна. Ме измамија и изгубив многу пари“, изјавил тој за New Zealand Herald.


Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“

Денес, со почеток во 19:00 часот, во бифе Тафталиџе, книгоиздателството Ми-Ан ве кани на промоцијата …