На славниот актер Брус Вилис му било дијагностицирано пореметување на меморијата, афазија, поради што се пензионирал и потполно се повлекол, а според зборовите на неговите пријатели, тој целосно го продал својот имот.
View this post on Instagram
Роден е во 1955 година во германскиот град Идар-Оберштајн. Неговиот татко Дејвид бил испратен во база во Германија каде ја запознал учителката Марлен со која се оженил. Парот останал со малиот Брус во Германија до неговата двегодишна возраст, кога Дејвид решил да ја напушти војската и да се врати во Америка. Тие се населиле во градот Карнис Поинт, Њу Џерси, каде што биле скромно семејство од работничка класа. Брус наскоро имал двајца браќа и сестра – Дејвид, Роберт и Флоренс, но бракот на нивните родители не траел. Тие се развеле во 1971 година, кога Брус бил тинејџер.
View this post on Instagram
Преку спој на среќа, талент и упорност, тој успеа да најде излез од до некаде сиромашен живот и да се трансформира од непознат актер во главен лик на екранот.
View this post on Instagram
Во својата богата актерска кариера има глумено во филмови како ‘The First Deadly Sin’, ‘Prince of the City’, ‘Blind Date’, ‘Die Hard’, ‘The Bonfire of the Vanities’, ‘The Last Boy Scout’, ‘Pulp Fiction’, ‘Mercury Rising’, ‘The Sixth Sense’, ‘The Kid’, ‘Hart’s War’, ‘The Crocodile Hunter: Collision Course’, ‘Sin City’, ‘Perfect Stranger’, ‘The Expendables’, ‘Red’, ‘Looper’, ‘Fire with Fire’, ‘The Prince’, ‘Vice’, ‘Acts of Violence’, ‘Death Wish’, ‘Fortress: Sniper’s Eye’, и бројни други.
Фото: Принтскрин/Instagram