Деми Мур и Брус Вилис дадоа одличен пример за убава врска и по бракот.
Познатиот холивудски актер викендов го прослави својот 67. роденден, а на прославата учествувала и неговата поранешна сопруга, исто така позната актерка, Деми Мур.
– Среќен роденден Бурсе. Благодарна сум на нашето семејство – напишала Деми со фотографија на која и двајцата со широки насмевки позираат во кујната.
Деми Мур и Брус Вилис беа во брак од 1987. до 2000. година и имаат три ќерки Румер (33), Скаут (30) и Талула (28).
View this post on Instagram
Двојката остана во блиска врска и долги години од разводот. Брус повторно се оженил во 2009. година и има две ќерки Евелин (7) и Мејбел (9).
Најстарата ќерка Румер, која тргна по стапките на мајка си и татко и и стана актерка, често ги фали своите родители во интервјуата затоа што никогаш не требало да избира меѓу еден од нив:
– Толку сум благодарна што сите навистина се трудевме да имаме длабока, смислена и искрена комуникација. Имам многу пријатели кои пораснале со родители кои се развеле во младоста и ги гледав како треба да изберат. Приоритет на моите родители беше да останат семејство“, изјавила Румер за People.
Фото: Принтскрин/Instagram