(ФОТО) ОВА НЕ МОЖЕ СЕКОЈ ДА ГО ОБЛЕЧЕ – Црната комбинација ги „разнела“ присутните: Сите го гледале чудниот изрез!

Актерката Блејк Лајвли на доделувањето на „Game Awards“ на Менхетен се појавила во смел предмет за облекување.
Таа за оваа пригода избрала црн фустан на дизајнерот Серж Хадсон, кој на уникатен начин ја открива нејзината фигура.

Специфичноста на оваа креација е во чудниот крој, имено, длабокото деколте и големиот шлиц на стомакот се она што го привлекло вниманието и направило Блејк Лајвли да биде забележана на гламурозната прослава.



Таа комбинирала фантастичен фустан кој ја истакнува нејзината згодна фигура со популарните Лубутанки кои имаат ситни кристали и чантата Шанел во златна нијанса. Несомнено ова беше вистинската комбинација за црвениот тепих која го обиколи светот.
На јавноста и е познато дека Блејк нема стилист, а нејзините комбинации на облека се произволен избор на актерката. Заедно со фустанот додала впечатливи висечки обетки со минимална шминка, а косата ја подигнала во реп.


View this post on Instagram

A post shared by eric (@ericboc)

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата маченичка Кикилија (Цицилија)

Родена е во Рим од богати и угледни родители. Имаше голема вера во Христа и …