(ФОТО) БОРБА СО КОРОНА: Во светот од вирусот починале повеќе од 3.000 медицински работници!

Организацијата за човекови права Амнести Интернешнл објави дека три илјади здравствени работници низ целиот свет починале како резултат на коронавирусот и дека се соочуваат со бројни предизвици за време на пандемијата.
Амнести Интернешнл предупреди за несоодветни работни услови – ниски плати, долго работно време и насилство од кое страдаат, пренесува Ал azeезира, на англиски.
Во извештајот на оваа организација се вели дека најголем број од овие работници починале во Русија, 545. Малку помал број смртни случаи има во Велика Британија, 540. По нив следат Соединетите Американски Држави, каде починале 507 здравствени работници.
„Пандемијата КОВИД-19 се влошува низ целиот свет. Затоа апелираме надлежните да ги сфатат сериозно здравството и другите суштински работници. Многу е вознемирувачко да се види како надлежните ги казнуваат работниците кои се незадоволни од работните услови и чиј живот е загрозен“, рекла Санхита Амбаст од Амнести Интернешнл.
351. здравствени работници починале во Бразил, а 248. во Мексико и други земји од Латинска Америка.
Лекарите, медицинските сестри и другите на социјалните мрежи честопати ги посочуваат условите во кои работат. Властите се најдоа под оган поради тоа што не обезбедија доволно заштитна опрема за нив. Некои се соочуваат со остри реакции од властите, што вклучува апсења, закани и други работи – предупредуваат тие од оваа организација.
Тие тврдат дека здравствените работници со црна кожа и етничките малцинства во Велика Британија, Индија и Финска се особено маргинализирани.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„LIVELYYY” – Дигиталната изложба по повод 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје

Денес во Ист Гејт Мол, со почеток во 12:00 часот, а по повод 50-годишнината од …