Рекорден број на починати на југот на САД: Се бројат мртвите од корона вирусот на Флорида, во Алабама и Северна Каролина

Државите Алабама, Флорида и Северна Каролина во вторникот забележале рекордно зголемување на бројот на починати од Ковид-19.
Бројот на случаи на коронавирус е во пораст во поголем дел од Соединетите држави, а повеќе од 20 сојузни држави одлучиле да го запрат процесот на отворање или повторно да воведат некои од претходните ограничувања, вклучително и Калифорнија.
Училиштата од Калифорнија до Висконсин најавуваат дека на почетокот на учебната година, поради пандемијата, часовите ќе се одвиваат само преку Интернет, јавува Глас на Америка.
Училишниот округ во Лос Ангелес, втор по големина во земјата, објавил дека учениците нема да се вратат во училниците на крајот на август.
Според Ројтерс, Флорида, каде што есента е предвидено учениците да се вратат во училниците, сега има повеќе нови случаи на коронавирус на ден од повеќето земји во светот.
Рекордно зголемување на бројот на смртни случаи, вчера, е забележано на Флорида – 132, со што се зголеми бројот на жртвите на повеќе од 4.500.
Рекордно зголемување на бројот на жртви е забележано и во Алабама – 40 и Северна Каролина – 35, што е вкупно повеќе од 1.100 смртни случаи регистрирани во секоја од тие две држави од почетокот на пандемијата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …