(ФОТО) БИЗАРНО – Несоодветно облечена позирала за Инстаграм пред отворениот ковчег на татко ѝ на погребот: Сите се згрозени!

Девојка од Америка ги згрозила корисниците на социјалните мрежи со бизарна фотографија од погребот на нејзиниот татко.
Уште еден непромислен потег на тинејџерката наишол на голема осуда кај корисниците на социјалните мрежи. Имено, девојка од Америка позирала за Инстаграм на погребот на нејзиниот татко, покрај отворен ковчег.
Работите да бидат уште полоши, девојката не била соодветно обучена.
Таа носела црн асиметричен краток фустан со длабоко деколте, чорапи и чизми на високи потпетици, а својот „погребален стајлинг“ го надополнила со свежо стилизирана фризура и дискретна шминка.
Додека позирала покрај отворениот ковчег, ја подигнала ногата и погледнала надолу, како да е во некој од ноќните клубови, а под фотографијата се простила од својот татко велејќи дека и бил најдобар пријател.


Девојката се уште не ја отстранила фотографијата, иако речиси сите корисници на оваа социјална мрежа и порачале да го стори тоа веднаш.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …