(ФОТО) Бизарно кралско правило: Кејт морала да руча во капут

Секогаш дотераната Кејт на ручек дошла во долг капут со двојно копчање, кое го потпишува италијанскиот дизајнерски двоец Dolce&Gabbana…
Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, пристигнале во посета на норвешкото кралско семејство, што им е последно патување пред војвотката да го роди третото дете.
Секогаш дотераната Кејт на ручек дошла во долг капут со двојно копчање, кое го потпишува италијанскиот дизајнерски двоец Dolce&Gabbana. Што носела војвотката одоздола останало непознаница бидејќи капутот во ниту еден момент не го соблекла.
Тоа секако предизвикало голем интерес во нејзината родна Британија, а набргу пристигнал и одговорот. Како и повеќето правила на британското кралско семејство и ова е чудно.
Имено, Кејт не го соблекла капутот бидејќи се сметало несоодветно жените од кралското семество да ги соблекуваат капутите пред камерите. Со оглед на тоа дека тие биле цело време вклучени, така Кејт останала да седи во капутот.
Тоа не е единствено правило кон кое жените во кралското семејство мораат да се придржуваат. Така, забранети им се фармерки и жвакање мастика во јавност, а Кејт Мидлтон е доказ дека лаковите за нокти во боја и впечатливи кармини не доаѓаат предвид, а забрането и е и’ да дава автограми на обожаватели.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …