(ФОТО) Бајага проговорил за разводот од сопругата Емилија: „Презирам да гледам во чинија и бања…“

Рок-музичарот Момчило Бајагиќ Бајага проговори за разводот од сопругата Емилија по 33. години брак. Тој рекол дека е точно оти за нивниот развод се дознало дури после две години.
„Мислам дека тоа е непристојно, некој сака секој да знае за неговиот приватен живот, а јас мислам дека приватниот живот сепак е приватна работа. Мора да има некој момент што не им е познат на сите“, рекол Бајага.
„Ги презирам реалните шоуа и тоа прекумерно изложување и гледање во чиниите и бањите на луѓето. Тоа што го јадев вчера е сосема неважно. Луѓето треба да се интересираат за мојата музика“, додал тој.

This image has an empty alt attribute; its file name is bajaga-se-razveduva.jpg
Бајага се осврнал и на својата внука. Сопругата на синот на Бајага на 27. декември минатата година роди девојче, а гордите родители на детето му го дадоа името Сара.
„Таа има 10 месеци и навистина е големо задоволство кога ја гледате втората, третата генерација. Едвај чекам да порасне, да почне да оди, да можам да ја однесам во зоолошка градина, на прошетка”, рекол гордиот дедо.


This image has an empty alt attribute; its file name is bajaga.jpg
Инаку, Бајага летово во интервју изјавил дека не е изненаден од интересот на јавноста за неговиот развод.
„Мислам дека беше паметно што успеав да ги задржам тие информации долго време за себе и немаше голема паника. Не го објавувам мојот приватен живот, а исто така ми беше драго заради децата што не излезе веднаш во јавност, поради тоа им беше полесно“, рекол тогаш.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …