(ВИДЕО) На паркинг изгореле 73. автомобили, а се’ започнало со една цигара

Снимката од пожарот покажува густи облаци од црн чад додека некои возачи трчаат кон местото на настанот во обид да ги спасат своите возила.
Пожарот избувнал на импровизираниот паркинг на ранчот Робинсон во Тексас околу 13. часот во саботата, за време на годишниот есенски фестивал кој привлекол стотици луѓе.
Локалниот шеф на противпожарната служба Крис Малстед изјавил дека причината за пожарот допрва треба да се потврди, но тој верува дека пожарот можеби бил предизвикан од цигара, која според него била „неправилно фрлена“ на тревниот паркинг.
Локалните противпожарни единици успеале да го изгаснат пожарот по два и пол часа, а најважно е дека во овој инцидент нема повредени, јавува Revijahak.
Снимката од пожарот покажува густи облаци од црн чад додека некои возачи трчаат кон местото на настанот во обид да ги спасат своите возила.
Во разговор за локалните медиуми, сведоците на пожарот велат дека тој брзо се проширил. На крајот изгореле дури 73. автомобили.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …