(ФОТО) Анџелина удира на Бред: Ќе изнесе докази за семејно насилство

Анџелина Џоли е подготвена да поднесе докази за домашно злоставување на суд во тужбата за развод против поранешниот сопруг Бред Пит, тврдат нови извори, пишува Daily Mail.
Документите до кои дошол порталот The Blast наводно покажуваат дека актерката изјавила дека е подготвена да даде нови докази во прилог на наводното семејно насилство што се случило за време на нејзиниот двегодишен брак со Бред Пит.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by WORLD FAMOUS CELEB (@worldfamousceleb)


Двојката има заеднички деца, Медокс, Захара, Пакс, Шилон и близнаците Нокс и Вивиен, а старателството и финансиските аранжмани ќе бидат договорени на судењето, поради што нивните најмали деца ќе треба да сведочат, ако нивните родители се согласат.


Набргу откако двојката поднесе барање за развод во 2016. година, откриено е дека Бред е под истрага на ФБИ и социјалните служби во Лос Анџелес, по веста дека извршил „вербално и физичко насилство врз своите деца“ во приватен авион. Сепак, тој подоцна беше ослободен од тие обвиненија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PerezHilton.com (@perezhilton)

Покрај деталите за наводите за домашно злоставување, документите покажуваат дека судот бара дозвола од парот за да сведочат Шилон, Нокс и Вивиен.
Во октомври минатата година, битката за развод наиде на друга пречка откако актерката ја прекина соработката со еден од нејзините адвокати.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …