(ФОТО) Ана Курникова ја покажала помалечката ќерка: Не е тешко да се погоди на кого личи!

Поранешната тенисерка Ана Курњикова е една од оние кои не сакаат да ја споделуваат нејзината интимност, па многу ретко можеме да видиме нејзина фотографија со пејачот Енрике Иглесијас и нивните три деца.
Сепак, нивната ќерка Мери на 30 јануари го прослави својот прв роденден, па по тој повод, познатата Русинка реши да објави фотографија од својата миленичка на Инстаграм.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Anna Kournikova Iglesias (@annakournikova)


Со руса коса и големи сини очи, таа многу личи на нејзината мајка, а на креветот позира во едноставен беж фустан со златна машна во косата.
Заедно со објавената фотографија, Курњикова напиша само број 1 и додала емотикон за срце, а фотографијата собра и огромен број лајкови – над 250 илјади и голем број честитки.
Музичарот Енрике (45) и шест години помладата Ана веќе ги имаат близнаците Луси и Николас.
Неодамна, Ана ги сподели нивните фотографии.
Двојката имаше, како што вели Шпанката, падови и подеми, дури и ако во еден момент тој сакаше да ја напушти, но кризата беше зад нив.
„Имавме подеми и падови како и секоја друга двојка. Јас сум со Ана 17. години, имавме добри и лоши периоди. Имаше моменти кога сакав сето тоа да заврши, а таа рече дека е готово двапати. Јас напишав еднаш песна за да и се извинам, и повторно ја освоив“, рекол своевремено Енрике.


Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ханами – промо настан за Сакура фестивал

Денес во барот Кантина, со почеток во 17:00 часот ќе имате можност да запознаете некои …