Го криеле од нацистите: Се шокирале кога виделе колку пари им оставил

Австриец, кој побегнал од нацистите за време на Втората светска војна, во својот тестамент најголемиот дел од своето богатство го оставил на селото кое го криело со години…
Станува збор за Ерик Швам, кој починал на 90-годишна возраст, а жителите на Шамбон-сир-Линјон на југоистокот на Франција се изненадиле кога виделе колку пари им оставил.
Градоначалникот на Шамбон-сир-Линјон, Жан-Мишел Ејро одбил да каже колку пари се оставени затоа што сè уште се пребројувале, но еден од наследниците на Австриецот за еден локален сајт изјавил дека се сретнал со Швам и неговата сопруга за да разговараат за подарокот и открил дека станува збор за сума од околу два милиони евра.
„Ова е голема сума пари за селото“
Швам и неговото семејство пристигнале во 1943. година и биле криени во училиштето сè до 1950. година.
Подоцна се оженил со Французинка од областа Лион, каде што живееле, а Ејро рекол дека Швам барал да се остават пари за образование и иницијативи на младите, особено во училиштата.
Околу 2.500 Евреи биле скриени во ова село, па така израелскиот меморијален центар на холокаустот Јад Вашем го нарекол Шамбон-сир-Линјон „праведници меѓу народите“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …