За епизодата „Eternal Moonshine of the Simpsons Mind” nе награден со Прајмтајм Еми во категоријата за „Извонредна анимирана програма“
Марк Вилмор, продуцент и комичар, почина на 57-годишна возраст откако ја загуби битката со коронавирусот.
Веста за неговата смрт ја објави на Твитер, во неделата вечерта неговиот брат, исто така познат комичар Лери Вилмор.
„Мојот драг брат Марк Едвард Вилмор, почина синоќа додека се бореше со коронавирус и други здравствени проблеми од кои страдаше со години. Тој беше најмилата, најнежната, најсмешната и најхрабрата личност што ја познавав. Те сакам братче“, напишал Лери.
My sweet sweet brother, Marc Edward Wilmore, passed away last night while battling COVID and other conditions that have had him in pain for many years. My brother was the kindest, gentlest, funniest, lion of an angel I’ve ever known. I love you little brother. pic.twitter.com/Zhcg1U4Evr
— Larry Wilmore (@larrywilmore) February 1, 2021
Марк беше еден од авторите на анимираната серија со најдолг рок „Симпсонови“, за која напиша 12. епизоди од 2002. до 2015 година. За епизодата „Eternal Moonshine of the Simpsons Mind“, тој беше награден и со Прајмтајм Еми во категоријата за „Извонредна анимирана програма“.
Тој се прослави како еден од авторите на хумористичната серија „In Living Color“ во деведесеттите години, а работеше и на сериите „The PJs“ и „F Is for Family“, пренесуваат странските медиуми.
Фото: