(ФОТО) Ана Курњикова го воодушевила светот со новите фотографии!

Поранешната тенисерка Ана Курњикова е една од оние кои не сакаат да ја споделат својата интимност, па многу ретко можеме да видиме нејзина фотографија со пејачот Енрике Иглесијас и нивните три деца.
Сепак, од време на време, таа прави исклучок.
Иако од самиот почеток на нивната врска, Ана Курњикова и Енрике Иглесијас донесоа заедничка одлука нивниот приватен живот за јавноста да остане токму таков – приватен, поранешната руска тенисерка не одолеа да се пофали со своите млади наследници.
Близнаците Лусо и Николас го прославија својот 4-ти роденден, а нивната мајка, поранешната тенисерка Ана Курњикова, на својот Инстаграм профил објави неодоливи фотографии од малите наследници.

View this post on Instagram

A post shared by Anna Kournikova Iglesias (@annakournikova)


Фотографиите ги воодушевија следбениците ширум светот, а таткото реагирал со емотикони од срце. Покрај близнаците, двојката ја има и ќерката Мери, која за три месеци ќе наполни две години.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …