Филмскиот фестивал за млади „Џифони патува“ во Крива паланка

Филмскиот фестивал за деца и млади „Џифони Македонија“ продолжува со својата мисија за ширење на филмската писменост и култура за младите низ помалите градови во нашата земја. На 14 и 15 декември под името „Џифони патува“фестивалот ќе се одржи во Центарот за култура и Europe House во Крива Паланка и на него ќе учествуваат учениците од гимназијата.

Крива Паланка е дваесет и третата општина каде под името „Џифони патува“ се одржува овој подвижен фестивал кој го влијае на неформалното.


Филмската програма е намената за учениците од градот и предвидува дводневни активности со прикажување европски филмови наменети за младата публика, кои опфаќаат теми што ја засегаат младата генерација. Филмските проекции ќе бидат проследени со дискусии, а потоа на една од трите понудени креативни работилници, младите ќе ја поттикнуваат својата креативност и ќе се забавуваат.

Проектот „Џифони патува“ (Giffoni on Tour) е поддржан од Агенцијата за филм на РСМ, Делегацијата на ЕУ во Скопје и општинаКрива Паланка, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер „Џифони експириенс“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …