Филипче во преговори со претставници на млади лекари за ангажман а 250. лекари и повеќе од 2.000 медицински сестри се невработени

Министерот за здравство доцент д-р Венко Филипче утрово се срена со младите лекари кои се на приватна специјализација на клиниките за нефрологија, гастроентерохепатологија, дерматовенерологија, неврологија, Клиниката за уво нос и грло и Кожната клиника кои саакаат доброволно да се приклучат во работата во ковид центрите на овие клиники. Станува збор за триесетина млади лекари чија помош ќе биде добредојдена на инфективните одделенија.
-Како министер за здравство и како лекар ценам што покажавте желба и спремност да се влучите во работата во ковид центрите сега кога за тоа има голема потреба. Во тешки времиња се покажуваат желбата и спремноста на луѓето и тоа е за почит – рече министерот Филипче. Во тек на денот ќе се направи распоред за ротација на сите млади лекари и ќе бидат вклучени во работата во ковид центрите.
Министерот потоа оствари средба и со претставници на млади лиценцирани лекари со кои исто разговараше за нивен ангажман во здравствените установи низ цела држава. До крајот на неделата треба да се допрецизираат условите на оваа група лекари за нивно приклучување во работата во ковид одделенијата и болниците низ државата.

Над 2.300 сестри и доктори се на листата невработени. Според податоците на Агенцијата за вработување заклучно со 31 октомври годинава, како невработени се евидентирани 249 доктори на медицина, 19 специјалисти по општа медицина и еден интернист. Од нив дури 225 се водат како невработени помалку од 11 месеци односно приближно колку што трае корона кризата, објавува Скопје инфо.

Кај сестрите состојбата е поалармантна. Во евиденција во Агенцијата како невработени се пишани вкупно 2.098 сестри.


Од нив 939 се со звање медицински техничар, 873 лица со звање медицински сестри, специјалисти медицински сестри се 21, а дипломирани медицински сестри 63, 4 невработени медицински сестри се специјалисти за интензивна нега. Во услови на здравствена криза која почна во март, 1.214 се невработени помалку од 11 месеци.

Невработеноста кај сестрите трае подолго отколку кај докторите. Ако само 13 доктори по општа медицинина работа чекаат подолго од 2 години. Толку време како невработени се водат над 300 медицински сестри. Во евиденцијата на Агенцијата има уште и 150 невработени бабици.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …