Починал 14. годишен натпреварувач во шоуто MasterChef Junior: Во 2017. година останал без двајцата родители

БЕН ВОТКИНС, 14-годишната sвезда на шоуто MasterChef Junior, во понеделникот починал од рак во детската болница Лури во Чикаго, објавило неговото семејство.
На момчето во јули му бил дијагностициран ангиоматоиден фиброзен хистиоцит. Семејството на момчето за медиумите изјавило дека само пет други луѓе во светот ја имаат оваа ретка болест што влијае на меките ткива, пренесува TMZ..
„Нашиот Бен замина во понеделникот попладне да биде со својата покојна мајка, откако се бореше со рак една и пол година“, рекле неговата баба Дона Едвардс и чичко Ентони Едвардс.
„Откако ги изгуби двајцата родители во септември 2017. година, на Бен му се восхитувавме на силата, храброста и љубовта кон животот“, додале тие.


“Никогаш не се жалеше. Бен беше и ќе биде најсилната личност што ја познаваме. Кога ја споделивме неговата ретка болест со светот, тој беше воодушевен од љубовта што ја доби од целиот свет, особено од неговиот роден град Гери, Индијана”, истакнале.
Тие им се заблагодарија на сите што се молеле за нив и им помогнале.
„Бен страдаше многу за неговите 14 години на Земјата и ние се тешиме со фактот дека страдањата конечно завршија и дека знаеше дека многу го сакаат“, додавале тие.
Гордон Ремзи на Твитер се простил од Бен.
„Денес го изгубивме шефот во MasterChef Junior. Бен, ти беше неверојатно талентиран готвач-аматер и уште посилен млад човек. Твојот млад живот помина низ многу тешки пресврти, но ти секогаш истрајуваше. Ја испраќам мојата љубов до твоето семејство во овие тешки времиња”, напишал тој.


Таткото на Бен, Мајк Воткинс, ја убил неговата мајка Леила Едвард и себе си во 2017. година. Во тоа време, Бен ја снимал шестата сезона на MasterChef Junior, која се емитувала следната година. После тоа, обожавателите донирале 30.000 УСД за време на кампањата # Love4Ben. Откако дознале за тешката дијагноза, неговото семејство повторно активирало кампања на платформата GoFundMe за покривање на трошоците за неговото лекување и едукација.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …