ВО АМЕРИКА ПРОВЕРКАТА НА КОВИД МОЖЕ И ДОМА: Резултати за половина час!

Соединетите држави, вчера, како дел од борбата против пандемијата, итно одобрија ставање на пазарот на брз тест за лична употреба за откривање на ковид, кој дава резултат за 30 минути.
Американската агенција за лекови (ФДА) го одобрила тој назален тест, кој може да го користи секој кој има 14 години и повеќе, доколку се сомнева на инфекција со коронавирус.
Приборот кој го произведува една фармацевтска компанија може да се набави со рецепт на лекар и чини помалку од 50 американски долари (околу 2800 денари). И тоа е првиот тест што секој може да го направи сам и да го прочита дома.
ФДА кон крајот на април и почетокот на мај, одобри употреба на домашни тестови, но за разлика од производите на Lucire Health, нивните наоди мора да бидат потврдени од овластена лабораторија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …