Филипче: „Пуштен во употреба модуларниот КОВИД центар во гостиварската болница, во моментов состојбата во регионот е стабилна, граѓаните да ги почитуваат мерките!“

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска беше во посета на гостиварската болница каде е пуштен во употреба модуларниот КОВИД центар.


„Ова е модел којшто го имплементираме во буквално сите градови во државата. Користиме болнички капацитет кој има 35 кревети, а целосно е опремен со медицинска опрема. Треба да пристигне и најсовремениот рентген апарат и ЕХО апаратот со сите потребни сонди за преглед, со што ќе го направи овој центар сосем соодветен за третман на сите КОВИД пациенти, а во некои други услови да продолжи да служи како тријажен или ургентен центар”, потенцираше Филипче.
Во изминатиот период, направени се значајни инвестиции во оваа јавно-здравствена установа која опслужува 200 илјади жители, кои гравитираат не само од општината Гостивар, туку и од Маврово-Ростуше, Дебар, Врапчиште итн.

„Болницата е позната по својата експертиза. Целосно се реновирани операционите сали, хируршкото одделение, а следува и реновирање на интерното одделение. Со директорот разговаравме и за некои следни планови. Оваа година после многу години за првпат болницата во Гостивар ќе добие магнетна резонанца. И тоа значи дека сите овие жители кои имаат потреба од таа услуга повеќе нема да патуваат во Скопје, туку тука ќе ги прават тие снимки. Во моментов состојбата со пандемијата во Гостивар е стабилна, меѓутоа граѓаните мора да продолжат со почитување на мерките за заштита”, истакна Филипче.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Спектакуларната музичка драма „Валкира“ од Рихард Вагнер во изведба на Софиската опера и балет вечерва во НОБ

Во рамките на 52-то издание на „Мајските оперски вечери“, вечерва со почеток во 18:00 часот …