(ВИДЕО) ЛеБрон Џејмс го испробал новиот автомобил!

И покрај тоа што често се гледа во Порше, славниот кошаркар во иднина ќе мора да го вози овој sвер.
А и тој токму така го нарекол новиот Хамер откако го видел по прв пат. GMC сега објави видео од првата средба помеѓу Леброн и новата генерација на Хамери чиј амбасадор е тој. Откако го погледна од секој агол, му се даде можност и да го вози. Бидејќи станува збор за примерок од пред-производство, тој можел да го извади возилото само од гаражата и да го вози низ дворот. Ќе мора да биде трпелив уште малку.
Нема сомнение, како промоторот на GMC, Леброн, ќе биде меѓу првите во Америка што ќе вози Хамер на јавни патишта. Тоа го ветил со најава дека ќе го вози кога ќе се врати дома во Охајо, но и во Лос Анџелес.
Да потсетиме, верзијата Edition 1 на моделот била понудена по цена од 112.595 американски долари, но сите достапни примероци се веќе резервирани. Ќе биде препознатлив по ексклузивната бела боја и дизајнот на ентериерот на Lunar Horizon. Со три електрични мотори, Хамер дефинитивно ја оправдува сликата на „снагатор“. Се проценува дека ќе испорачува над 1000 КС и 1085 Нм, 3 секунди до 100 км на час и домет од 560 км се дополнителни причини за популарноста на ова возило.


Фото: Скриншот/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Второто и уште поголемо издание на HR.Weekend: Интердисциплинарни теми и најголемите експерти наесен во Ровињ

Второто издание на исклучително успешниот HR.Weekend ќе се одржи и оваа година во рамките на …