Филипче: Амбасадата на Германија обезбеди осум нови респираторни машини

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче денеска оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Анке Холштајн, по повод обезбедената помош од Амбасадата во справувањето со пандемијата од вирусот КОВИД-19.  
Станува збор за осум респираторни апарати, тип Дрегер Евита В 600, кои имаат модул и за инванзивна и за неинванзивна нега. Со оваа донација, се зајакнуваат капацитетите на јавните здравствени установи во земјава. Вкупната вредност на донацијата изнесува над 230 илјади евра, а истата е обезбедена преку Сојузната организација за техничка помош THW.
„Се радувам што медицинските апарати доаѓаат во вистинско време, кога е потребна помошта. Оваа донација е по иницијатива на сојузната Влада за време на германското претседателство во советот на Европската Унија, за помош на државите од Западен Балкан при пандемијата од ковид-19. Со оглед на актуелните состојби, главен акцент на нашето претседателство е справување со пандемијата и нејзините последици. Овде, во регионот на Западен Балкан сакаме да покажеме дека нашите партнери при борбата можат да се потпрат на нас. Германија досега го поддржува регионот со 15 милиони евра. Освен тоа, Европската Унија помага со 3,3 милијарди евра во кои Германија учествува со скоро една третина. Вкупната вредност на донацијата е 233 илјади евра, а се имплементираше преку германската сојузна агенција за цивилна заштита THW”, потенцираше амбасадорката Холштајн.
Министерот Филипче се заблагодари на германската амбасадорка Холштајн и Амбасадата на Германија за континуираната помош и досегашната успешна соработка во справувањето со вирусот КОВИД-19.
„Германија се докажа во целиот изминат период дека е нашиот најголем партнер во евроинтегративните процеси, но и во поддршката на здравствениот систем во оваа криза којашто го снајде целиот свет. Уште на почетокот на кризата донираа заштитна опрема, која беше дистрибуирана во јавно-здравствените установи. Донацијата од 8 респираторни машини се дистрибуирани во одделите за интензивна нега таму кадешто се лекуваат пациентите заболени од ковид. Оваа дополнителна опрема практично е еден сериозен дел од опремата на секое одделение за интензивна нега”, истакна министерот Филипче.
Воедно, министерот потсети дека неодамна во соработка со германската амбасада и невладината организација „Проект ХОПЕ” беше обезбедена медицинска опрема за повеќе универзитетски клиники, меѓу кои: Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Клиниката ТОАРИЛУЦ и Клиниката за неврохирургија, а за Клиниката за детски болести се обезбеди опрема за реанимација со неинвазивна респираторна поддршка, наменета за предвремено родени деца, односно доенчиња кај кои е потребно подобрување на волуменот на белите дробови.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …