Ева Натена: Филмот „Жена убиец“ е направен со желба да им открие на мажите низ што поминале жените и на жените низ што поминале мажите

Ева Натена е грчка режисерка чиј филм „Жена убиец”/ Фониса ќе биде прикажан на затворањето на Фестивалот на грчки филм кој ќе се одржи во Скопје од 7-9 април во Кинотека на Северна Македонија и во Битола од 8-10 април во кино Манаки. Родена е на Крит. Студирала на Атинската школа за ликовни уметности, а работела како асистент на сценографот Дионисис Фотопулос, а потоа и со театарски и филмски режисери како Коста Гаврас и Пантелис Вулгарис. Трипати била наградувана со Државна награда за костимографија.

Главниот лик Хадула има трагичен живот кој ја доведува во состојба на ментално растројство без можност да излезе од маѓепсаниот круг, постојано потсетувајќи се на нејзиниот тежок живот како жена во младоста. Сè што и се случува во нејзиниот сегашен живот изгледа исто тешко како и во минатото. Се чини дека нема надеж. Дали нејзиниот лик е всушност проучување на улогата на жената во модерниот свет?


-Ова е прашање што ми е мило ми што го поставувате и што ми овозможува да кажам дека А. Пападиамантис бил филантропски пророк! Имајќи го истиот извор како Фројд, односно античките митови кои се чини дека објаснија речиси сè за човекот, тој создаде една хероина, која всушност самото општество ја создаде (затоа ја нарече оваа приказна, социјален роман) и ја насочи кон луѓето, за да зборува со психијатриска прецизност, за трансгенерациските трауми што ги наследуваме. И за да ни каже на крајот, дека ако сето ова не го видиме јасно и не си го преземеме еден ден, за да го решиме, (т.е. ако не ги одврземе јазлите што ги оставиле во аманет нашите баби и дедовци и родители) ќе живееме со ова, и ние и нашите деца, без широко познатата рамнотежа што вечно ја бараат двата пола. Погледнете ги митовите за Зевс и Хера, но и параболите за Адам и Ева. Сопружници-Прекршители кои родиле деца-прекршители. Така не учат. Нашата историја ни покажува дека двата пола никогаш не склучиле мир. Филмот е направен со дополнителна желба: да прикаже, да им открие на мажите низ што поминале жените и на жените низ што поминале мажите. Само ако сочувствуваме со спротивниот пол имаме шанса да го засакаме вистински.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …