Музички спектакл со Perpetuum Jazzile вечерва во Филхармонија

Вечерва во Македонската Филхармонија во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе имате можност да уживате во музички спектакл со Perpetuum Jazzile.

Овој концерт е и можност да го претстават нивниот нов студиски албум наречен „Smells Like…“. Албумот е вистинско мало музичко ремек дело, со обработки на некои од најголемите светски хитови „We Will Rock You/Radio Ga Ga“, „Più bella cosa“, „Suspicious Minds“, Fix you, Man in the Mirror…


Perpetuum Jazzile е познат вокален состав кој освојува светот со неговите впечатливи аранжмани, човечки beatbox и широк репертоар кој обединува сè, од поп до джез, рок до етно. Дојдете и уживајте во нивните сопствени изведби на хитови од легендарни изведувачи како ABBA, Michael Jackson, David Bowie и многу други!

Билетите може да ги набавите преку следниов линк: https://www.karti.com.mk/perpetuum-jazzile.nspx


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …