Споменар: 20 кратки и интересни одговори со Миа Перевска

Во рубриката „Споменар“ нашите познати личности одговараат на 20 кратки и интересни прашања по теркот на споменарите што беа актуелни кај тинејџерите во 80те и 90те години пред интернетот да стане главна занимација. Се надеваме дека за миг ќе ви ги „разбудиме“ најубавите спомени …

 

Денес ви го презентираме „споменарот“ на нашата млада, талентирана и креативна изведувачка Миа Перевска.

 


– Во колку часот се будиш?

  • Кога не ми налагаат обврските порано, природно се будам во 9 часот наутро.

 


– Кој ти е прекар?

  • Вистинското име ми е Михаела, такашто Миа ми е прекар.

 


– Што си во хороскоп?

  • Во хороскоп сум стрелец, во подзнак вага а во месечина јарец.

 

– Кој ти е омилен пијалак?

  • Црно кафе.

 

– Која ти е омилена боја?

  • Розева, по нашки пембе боја.

 

– Кое ти е омилено јадење?

  • Македонска лута салата со сирење или сладолед, не можам да се одлучам.

 

– Која ти е омилена книга?

  • Пре искрено: збирка од оригиналните хорор сказни на браќата Грим, а секојдневно преферирам да читам филозофски или духовни книги.

 

– Кој ти е омилен филм/серија?

  • Немам омилени филмови, имам омилени режисери: Tarantino, Kubrick, Wes Anderson, Gullermo Del Toro и Alejandro Jodorowsky. Омилена серија ми е Twin Peaks од David Lynch.

 

– Кој ти е омилен спорт?

  • Уметничко лизгање а сакам и екстремни спортови.

 

– Што знаеш најубаво да зготвиш?

  • Разни врсти на домашни тестенини и италијански сосови.

 

– Кое е твоето омилено годишно време?

  • Есен.

 

– Со кога сакаш да снимиш дует?

  • Со Nei Palm од Hiatus Kaiyote.

 

– Која е твоја најдобра и најлоша особина?

  • Најдобра, би рекла дека премногу сум грижлива и кон луѓе и животни. Најлоша ми е заборавањето, откако ќе излезам од дома еднаш се враќам по телефонот, втор пат по новчаникот а трет пат не памтам зошто.

 

– Кој е твоја омилена македонска песна?

  • “Си заљубив едно моме” верзијата од Дуке Бојаџиев и Тања Тас.

 

– Омилен пејач/ка, група (македонски)

  • Архангел.

 

– Најубаво место што си го посетил/a?

  • Франција.

 

– Како се викаше првата ваша девојка/дечко?

  • Ќе го прескокнам прашањево 🙂

 

– Со кого го пиеш утринското кафе?

  • Сама, тоа е моето омилено време од утрото, тогаш медитирам.

 

– Кој е твојот омилен музички македонски албум?

  • Моментално ми е хит “Nikogash Pak” на Funk Shui, свежо излезен.

 

– Кој е твојот омилен глумец/ца од Македонија?

  • Никола Ристановски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …