Еден детал од оваа фотка на семејна компанија и донел неочекуван пораст на прометот

Уште нема ниту една недела а малечкиот Арчи веќе се покажал како вистинска мала трговска сила. Имено, само што родениот син на Меган Маркл и принцот Хари покренал вистинска шопинг грозница откако родитлеите го претставиле на светот пред новинарите во дворецот Виндзор.


Хари и Меган синот, за таа пригода го завиткале во шал, вреден 150. евра, на семејната компанија G. H. Hurt & Son. Набргу по претставувањето таа мала компанија сместена во Нотингем била „преплавена“ со барања на истото парче…
Ричард Тејлор, задолжен за маркетинг на компанијата за Daily Mail рекол дека за 24. часа од претставувањето забележале 25. илјади посети на нивната веб страна. За споредба, „во обичен ден“ би имале неколку стотици посети дневно.



Таа компанија веќе со години е задолжена за облекување на кралските бебиња па нивни производи избрала и кралицата Елизабета кога го претставувала принцот Чарлс во 1948. година. Во нивните шалови се претставувани и децата на принцот Чарлс и лејди Дијана и Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.
Сепак, Тејлор вели дека се изненадиле кога виделе дека ги избрале и Меган и Хари бидејќи „тие се’ прават на свој начин“.

Фото: EPA/G. H. Hurt & Son


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Во вторник и во среда повторно свежо и врнежливо – Можно е ново невреме, особено во вторник

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на влажна и свежа воздушна маса од север, …