Dandelion Spa&Health центарот на Скопје Мериот хотел со нов изглед и ново име

Нежност, мир и спокој – на добропознатото место сега со ново име, Скопје Мериот во претстојниот месец мај внесува промени во својот Spa &Health Club

Spa & Health клубот на Скопје Мериот хотел, лоциран во строгиот центар на градот, со новото име добива и нови услуги, како и промотивни пакети.


Dandelion Spa & Health клубот во пријатна и уникатна атмосфера нуди широк спектар различни услуги и масажи, за лице и за тело. Големиот број третмани за мажи и жени,за подмладување, релаксирачки или спортски, сигурно барем на кратко ќе ве успокојат и ќе ве ослободат од секојдневниот стрес и притисок.


Со новините во изгледот, клубот внесува и свежина во своето портфолио. Така во текот на месец мај, нуди различни, специјални промотивни понуди, односно60 или 90 минутна масажа со гратис третман за усни и очи, 30% намалена цена на производот на месецот – June Jacobs Intensifying age defying serum и едночасовна масажа во текот на секој месец како награда за лојалност на членовите на клубот.


Dandelion Spa & Health Club е синоним за нежност, мир и спокој на веќе добропознатото место, но во сосема нов изглед, со нов идентитет и нов концепт. Скриен рај во центарот на бучниот и динамичен град. Одвојте време за себе и грижете се за своето здравје

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …