(ВИДЕО) Легендите на македонското спортско новинарство во „Еден на еден“:Зоки и Таско ќе ни откријат моменти од нивната богата кариера!

Најпрепознатливите гласови во спортското новинарство во Македонија, незаменливите Зоран Михајлов и Атанас Костовски, во недела гостуваат во „Еден на Еден”.


Коментаторите и колеги, но пред сè, пријатели, Зоки и Таско раскажуваат за времето кога заедно известувале од Олимпијадата во Атланта, a Михајлов морал да прескокнува огради за да стигне до коментаторското место. Потоа, кога со фиќо тргнал за Финска или, пак, кога со грутка во грло станал првак на Југославија.
Меѓу другите „приказни“ ќе дознаете за најголемиот гаф на коментаторот Зоран Михајлов, а Атанас Костовски вели: „ Нема да заборавам кога докторот му брцна прст на боксерот за да го стани“.
Сè на сè, нè чека вечер исполнета со многу анегдоти и приказни од децениски долгите кариери.

Гледајте „Еден на Еден” во недела од 18:30 на „Канал 5″.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …