ЕБУ ОДЛУЧИ: Евровизија 2021. во Ротердам – познат е и македонскиот претставник!

Доколку МРТ како активна членка на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) пак го номинира баритонот Васил Гарванлиев за македонски претставник следната година на Евросонг, ќе мора да се избере нова песна.
Евросонг 2021 ќе се одржи во Ротердам, Холандија, објави Европската радиодифузна унија (ЕБУ). Со тоа Холандија се впишува по петти пат како домаќин на престижниот музички настан чиј пренос го следи 200 милионска публика ширум светот.
Јавниот медиумски сервис на Холандија, обезбеди дополнителни седум милиони евра за организација, што не е мала сума сега во услови на корона криза.
Веста како изненадување организаторите ја објавија во саботата вечер, на алтернативното шоу на Евросонг Eurovision Shine a Light“, кој собра стари и нови победници, сега ѕвезди, и не прошета по празните улици и арени ширум Европа во екот на корона-кризата.
Изборот на песна за Евровизија кој беше создаден по Втората светска војна со цел да ги обедини нациите од Европа, разделени по катастрофалната војна, годинава, повторно беше на голем тест, овојпат од пандемија која повторно ги раздели народите, терајќи ги да останат дома во изолација и да ги затворат границите.
Концертната сала „Ахој“ во Ротердам, сега претворена во болница за лица заразени со коронавирусот во Холандија, и идната година ќе биде сцената каде Европа ќе избира најдобра песна. Веќе се потврдени 18 учесници за Евросонг 2021.


Доколку МРТ како активна членка на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) пак го номинира баритонот Васил Гарванлиев за македонски претставник следната година на Евросонг, ќе мора да се избере нова песна. Светот во саботата вечер, виде фрагмент од годинешниот спот за евровизиската „YOU“, на авторката Невенка Нешкоска, и поздравот од Гарванлиев.
Васил минатата година исто така беше дел од успешниот евровизиски тим во Израел во улога на придружен вокал на Тамара.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Фамилијарната комедија „Луси гангстерката“ синхронизирана на македонски и албански јазик во кината

Шарената фамилијарна комедија „Луси гангстерката“ во режија на Тил Ендеман, синхронизирана на македонски и албански …