А1 Македонија со нов ексклузивен смартфон на пазарот

А1 Alpha 20 – најнова генерација на А1 телефони 

Скопје, 19мај 2020г.– А1 Мaкедонија го лансираше новиот А1 смартфон на пазарот – А1 Alpha 20. Овој уред е трета генерација на А1 смартфони, на кој му претходеа Smart N9 и A1 Alpha.


Опремен со 19:9 HD+ екран, високо-квалитетна тројнакамера (48MP+5MP+2MP), 4GB RAM и 128GB вградена меморија, A1 Alpha 20 претставува еден од водечките модели во оваа класа. Со импресивниот екран и врвната камера можат да се направат високо-квалитетни фотографии, како и да се гледаат видеа онлајн без никакви потешкотии.Моќната батерија од 4000 mAh и гаранцијата за корисници од 3 години, која е единствена на пазарот, обезбедуваат траен перформанс и долгорочно уживање. Истиот, доаѓа во црна и светло-зелена боја.


Најновиот оперативен системи селектираниот опсег на софтверски компонентисе гаранција за леснотија во користењето но, и за навременост на Android ажурирањата.Kако и за претходните A1 Alpha уреди така и за овој смартфон, А1 експертите од Групацијата помогнаа да се развие и интензивно да се тестира моделот А1 Alpha 20.

А1 Alpha е ексклузивно достапен во А1 Македонија, а при купување на смартфонотво тарифатаA1 Neo M корисниците можат да го добијат за 169 денари месечно. Со ова А1 Alpha е најповолната понуда на пазарот, земајќи ја во предвид вредноста и квалитетот на уредот кои се добиваат.


Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …