Државната награда „Мето Јовановски”, за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права, за Денис Јанкуловски и Ленче Здравкин

С О О П Ш Т Е Н И Е

Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски”, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр. 52/06, 54/07, 74/12, 99/18 и 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе


О Д Л У К А

за доделување на државната награда „Мето Јовановски” за 2022 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права


1. За остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права, наградата им се доделува на:

– Денис Јанкуловски


– Ленче Здравкин.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 10 декември 2022 година (сабота), во 12 часот, во Собранието на Република Северна Македонија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …