(ФОТО) ДОБРО РАСПОЛОЖЕНА – Колинда Грабар-Китаровиќ од рано наутро се дружи и пее со хрватските навивачи во Катар

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ од раните утрински часови се загрева со навивачите за натпреварот меѓу Хрватска и Белгија, кој е закажан за 16. часот.

View this post on Instagram

A post shared by Damir Senčar (@damirsencar)



Фотографите ја уловија Колинда расположена како пее со фановите облечена во дрес.
„Ќе одам да навивам на трибините со навивачите. Ја очекувам Хрватска во полуфиналето и финалето. Значи ‘нема притисок’, како што велат, но ние ќе бидеме таму и се ќе биде црвено-бело“. Таа претходно им кажала на хрватските медиуми што ќе облече за средбата со Белгија.

View this post on Instagram

A post shared by Jutarnji.hr (@jutarnji.hr)



Инаку, нејзините комбинации на трибините привлекуваат големо внимание.

По националниот костим на Посавина, таа на мечот меѓу Хрватска и Канада носеше црвено-бел дрес на Луј Витон.


„Сите прашуваат, странците, каде можат да купат нешто со хрватските квадратчиња. Јас се враќам во Хрватска на 2 декември, а потоа ќе се вратам на 16-ти и ќе ги натоварам куферите со реквизити за да можам да ги споделам за да има уште малку боја“, порачала Колинда.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …